Покрај атрактивните дестинации кои веќе се дел од туристичките понуди во текот на летните месеци, некои агенции нудат пооригинални места за љубителите на историјата и авантурата. Оние кои сакааат својот одмор да го поминат на различен начин, најчесто избираат некои од следните „егзотични европски дестинации“.
PolaWalks - Варашава низ „очите“ на полароидни камери
Тричасовната турнеја започнува од градскиот плоштад и се движи покрај некои од најзначајните знаменитости на градот - кралската и претседателската палата и универзитетската библиотека во Варшава. Освен услугите од туристичкиот водич, сите туристи добиваат и полароид камера која им овозможува да направат вистински ремек дела од своите спомени.
Ијбург - островот на новиот начин на живот
Иако Амстердам долго време е познат по неговите живописни канали, еден од најинтересните делови на градот е Ијбург. Ијбург го сочинуваат вештачки острови источно од градот кои се претвораат во нови станбени населби. Водичите се всушност архитекти кои ги запознаваат туристите со „лабораториите на новиот начин на живот“.
Прошетка низ „паднатите банкарски системи“
Доаѓате во Рејкјавик? Посетата на Сината лагуна може да се одложи. Едно од најдраматичните настани во историјата на Исланд е падот на сите три државни банки во 2008 година. „The crash tour“ ги води туристите низ градовите кои играа клучна улога во овој финансиски колапс. На овој излет можете да дознаете како дошло до колапсот и што се случило со одговорните кога илјадници незадоволни луѓе излегле на улиците.
За сите обожаватели на Микаел Блукмвист
За сите љубители на книгата „Милениум“ на Стиг Ларсон, во Стокхолм се нуди турнеја за посета на местата каде живеат ликовите од книгата. Двочасовната турнеја ги води туристите од куќата на замислениот новинар Микаел Блукмвист, покрај магазинот во кој тој работи како и до станот на Лизбет Саландер.
Тајното патување во Загреб
Една туристичка агенција во Загреб се сети на туристите да им понуди повеќе од обична турнеја низ градот со водич. Посетителите можат да ја посетат шумата надвор од градот каде можат да ги видат тајните бункери кои биле создадени во текот на војната, но и да ја запознаат историјата на Хррватска во текот на овие тематски турнеи. Туристите можат и да исполнуваат различни задачи и „мисии“ во потрага по различни знаменитости и на тој начин самите да се запознаат со Загреб.
Белфаст од перспектива на поранешните политички затвореници
Не постои подобар начин да дознаете за турбулентната политичка историја на Ирска од поранешните политички затвореници кои во тричасовната прошетка низ градот на туристите им го објаснуваат поширокиот контекст на случувањата од 80-тите години на минатиот век. Прошетката завршува на гробиштата Милтаун, каде се погребани три републиканци кои починале за време на штрајкот со глад.
Гастрономски рај - кој би го пропуштил?
Во главниот град на Португалија, познат по одличната морска храна и црвеното вино, оваа турнеја е рај за гурманите. Патувањето започнува во преполниот пазар, каде ќе можете да купите различни прехранбени производи како и да пробате многу намирници. Од таму, ја посетувате кантината во малата лисабонска населба и семејните продавници, додека на крајот се опуштате со чаша ликер во некоја од локалните продавници.
Париз од перспектива на сиромашните работници
„L’Alternative Urbaine“ е проект основан за поддршка на професионалната и социјалната инклузија на лицата кои долго време се борат со невработеноста и сиромаштијата. Ова не толку позната рута подразбира прошетки низ 10-от и 13-от арондисман во Париз. На оваа турнеја ќе научите нешто за животот на работниците во фабриките кои живееле во индустриските населби. Симболично, оваа организација не наплатува за турнејата, туку секој турист дава пари колку што сака и колку што може.
Вино и ручек со порно ѕвезди
Во соработка со една туристичка агенција како и режисерката на порно филмовите Ерика Ласт можете подобро да се запознаете со ваквите актери. Ќе имате можност да се напиете вермут со порно актерката Бел Грис или да јадете каталонска храна со порно глумецот Марко Морато, а потоа да научите нешто повеќе за акробатиката од порно ѕвездата Јулија Рок, која туристите ги запознава и со историјата на Каталонија.