Илјадници луѓе излегоа на улиците на Бразил во неделата во серија на протести на национално ниво против владеењето на претседателот Дилма Русеф и владејачката Работничка партија.
Голем број демонстранти го обвинија Русеф, чијшто рејтинг опадна на помалку од 10% како што народот се соочува со најголемата економска криза.
Протестите се случија во 16 држави и на улиците на големите градови како Рио де Жанеиро, Сао Паоло и Бразилија. Во Рио, неколку илјади луѓе, демонстрираат на Копакабана плажата.
Исто така меѓу народот постои огромен гнев поради долгогодишниот скандал со Petrobras Oil, државна нафтена компанија. Истрагата откри дека скандалот наречен „Операција перење на автомобили“ се прошири, изожувајќи ја длабоката корупција во рамките на бразилската влада, вклучувајќи ја и државната електростопанска компанија „Eletrobras“.
ГАЛЕРИЈА