Ноива до Кордеиро е населено место во кое речиси сите жители се жени. Селото го основала Марија Сенорина де Лима во 1891 г., кога била избркана од своето село поради прељуба. Ова мало бразилско место Марија го создала за жените, а во него има посебни правила и организација на работата и животот.
Во него денес живеат околу 600 жители, од кои речиси сите се жени. Тие го уредиле животот онака како што сакаат за да се чувствуваат пријатно.
Ова место паднало под машка диктатура еднаш, во 1940 година, кога евангелистичкиот пастор Анисио Переира се оженил со една од жителките. Тој основал црква во селото и почнал да воведува строги правила за жените. Така, над 50 години на жените им било забрането да слушаат музика, да ја кратат косата, да пијат алкохол, па дури и да користат контрацептивни средства.
По смртта на пасторот, жените одлучиле никогаш повторно да не му дозволат на маж да управува со селото. Сега во селото сите се чувствуваат како семејство. Некои се во брак и имаат деца, но мажите може да ги посетат сопругите само во текот на викендот. Истото правило важи и за синовите што наполниле 18 години.
Во работните денови сите девојки го обработуваат земјиштето, готват и организираат настани. Ова необично место има и страници на социјалните мрежи каде што се објавуваат и огласи за барање маж. Тоа е единствениот начин на кој девојките може да имаат семејство бидејќи единствените мажи со кои комуницираат се нивните роднини.
Извор:
DDL