Игор Кисиќ од Билеќа е победник на четвртото отворено натпреварување во Црна Гора во лежење, кое се одржа во етно селото „Montenegro“.
Кисиќ доби 300 евра награда, откако успеал да лежи 33 часа и 30 минути. Сепак, не успеал да го руши црногорскиот рекорд на Марко Ѓуровиќ што изнесува 37 часа.