X
 13.12.2022 Живот

Се бараат кандидати кои 30 дена ќе лежат в кревет за 11.000 евра

Што им се случува на луѓето во услови на микрогравитација? Како вселенските услови влијаат врз човечкото тело? Како можеме да спречиме негативни ефекти врз долгорочните вселенски летови?

Токму овие прашања си ги поставуваат научниците на Земјата. И доаѓаат до одговори, и покрај појавата на гравитацијата која истражувачите се обидуваат да ја надмудрат.

Сега, на истражувачите им е потребна вашата помош. Имено, „Енвихаб“, медицински истражувачи објект на Институтот за воздухопловна медицина на Германскиот аерокосмички центар, бара 12 мажи и 12 жени за 60-дневен експеримент.

Од вкупно 60 дена, учесниците 30 дена мора да поминат лежејќи в кревет, а за тоа ќе добијат надомест од 11.000 евра.

Оние што ќе бидат дел од предизвикот ќе мора да лежат непрекинато 30 дена, со главата во положба пониска од нозете, односно за 5 степени. Другите 30 дена се аклиматизација и две недели дополнителна нега.

dlr
Фото: DLR

- Ваквото лежење може да биде непријатно во првите три до пет дена. Вашиот циркулаторен систем, грбот, главата, дигестивниот систем - сè треба да се навикне на оваа позиција - вели Едвин Мулдер, водач на проектот.

Менаџерите на проектот, Едвин Мулдер и Стефан Мостл, почнале да се подготвуваат за експериментот уште пред една и пол година. Како што велат, тие мора внимателно да ги изберат учесниците за експериментот. За да учествуваат во експериментот, учесниците мора да исполнуваат одредени услови - да бидат на возраст помеѓу 24 и 55 години, да имаат индекс на телесна маса помеѓу 19 и 30 и да бидат високи помеѓу 1,53 и 1,92 метри, како и да бидат во добра психичка и физичка состојба.

Наскоро ќе се отворат апликациите за третата кампања за експериментот. Условите и аплицирањето подетално можете да ги погледнете ТУКА.

Извор: Dlr.de
Фото: DLR
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот