X
 21.08.2015 Образование

Современо и интензивно стручно Високо образование за сегашните и идните менаџери

Стручните студии на Бизнис академијата Смилевски се фокусираат на развивање на конкретни професионални вештини кај студентот. БАС подготвува професионални менаџери од сите три менаџерски нивоа – надзорници, раководители и топ-менаџери. Интензивната интерактивна настава се изведува во мали студиски групи каде студентите ги развиваат своите менаџерски вештини работејќи на постојните деловни предизвици со кои се соочуваат во текот на работата.

Еве што кажаа некои од студентите на додипломски и постдипломски студии на Академијата:



„Oдлучувачки фактор за моите постдипломски студии беше тоа што главниот фокус на Бизнис академијата Смилевски е личното и професионално надградување, напредување и збогатување на знаењето на студентите, без дефокусирање со непотребни грижи околу дополнителни трошоци, чекање во редови и лутање низ административни лавиринти. Одлична иновативна наставна програма која претставува симбиоза на теоретски знаења и практични студии на случај, надополнети со интересен емпириски пристап од страна на слушателите, како и со професионалното искуство на љубезниот наставен кадар на БАС. Најдобар избор за професионалците кои сакаат да напредуваат, а истовремено си го ценат своето време.“

Елизабета Милеска
ЕВН Македонија



„Кога зад себе веќе имаш претприемачко искуство и изградена кариера, имаш и малку поинакви очекувања во поглед на образованието и програмите кои би требало да ти помогнат да се подобриш и да станеш уште поуспешен. Програмата, начинот на студирање и уникатниот пристап беа тоа што ме привлече во БАС. За време на студиите, како одлично искуство ќе ги издвојам работата на реални студии на случај, работата на примери од делокругот на работата на студентите и размената на личните искуства со други студенти кои веќе долги години водат свои бизниси.“

Дарко Лазаревски
Извршен директор
Кајгана Медиа



„БАС беше првиот мој поддржувач за проектот „Бизнис кафе Македонија.“ Само што му го презентирав проектот на директорот на БАС, веднаш добив поддршка дека БАС сака да биде дел од тој проект, за разлика од многу други кои ме гледаа со недоверба и ме убедуваа дека таков проект тешко дека ќе успее кај нас во Македонија. Бизнис кафе веќе постои и функционира 2 години, нормално со целосна поддршка и ден денес на БАС. Искуството со БАС ми е непроценливо. Иако ги завршив постдипломските студии, жалам што завршија, бидејќи веќе ми недостасува отворената, искрената и конструктивна комуникација меѓу колегите и проферите. Кративноста, инвентивноста и постојано учење и надградба од тимската работа заедно со професионалниот тим на професори беа дел од нашите средби и предавања. Едно годишните постдипломски студии, ми летнаа како на сон. На БАС покрај знаењето, стекнав пријатели со кои знам дека ќе комуницирам цел живот.“

Катерина Котлареска Маневска
Директор на Актива Вел
Проект: Бизнис кафе Македонија

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование