X
 07.09.2017 Образование

Зголемување на компетенциите на професионалните менаџери

„ СЕКОЈА ОРГАНИЗАЦИЈА ПОСАКУВА ДА ВРАБОТИ ПРОФЕСИОНАЛЕН МЕНАЏЕР, КОЈ ВЕДНАШ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ ЌЕ МОЖЕ НЕПРЕЧЕНО ДА СЕ ВКЛУЧИ ВО РАБОТАТА НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА.“

Доц. д-р Лидија Стефановска
Директор
БАС Институт за менаџмент Битола


Да се обезбеди современо и модерно високо образование во Република Македонија е обврска на сите образовни институции. Една од основните улоги на секоја од тие институции е да создаде амбиент и можности за доближување на едукативните услови кон реалните, што ќе претставува темел за успешно реализирање на студиските програми. Заради интензивните барања што ги поставува пазарот на трудот, односно барањата од конкретни вештини, знаења и способности, кои произлегуваат од потребите на новите работни места и доближување до европските стандарди, се бараат и нови пристапи во процесот на усвојување знаења. Од една страна тие треба да бидат понудени од наставниот кадар, како модератор на наставните средби, но многу повеќе од страна на ВОУ чија цел и одговорност е да понуди можности за стекнување пред се` на практични знаења. Бизнис Академија Смилевски образува кадри од областа на професионалниот менаџмент и тоа: оперативни менаџери на прв циклус на студии и стратегиски менаџери на втор циклус студии. Да се биде професионален менаџер, значи да се биде личност која има стекнато соодветно образование и компетенции, со кои ќе може успешно да се справува со сите предизвици кои се наметнуваат во текот на работата. Затоа, покрај со теоретско, професионалните менаџери потребно е да се стекнат и со одредено практично знаење, од кое произлегуваат вештините, способностите и компетенциите. Само на тој начин идните менаџери ќе може да бидат главни иницијатори за спроведување и менаџирање на одредени организациски промени, во насока на зголемување на организациската конкурентност, односно развој на компаниите.


 
Како „ветер во грб“ во процесот на стекнување употребливо знаење има и научно – истражувачката дејност која ја спроведуваат институтите, образовните институции и други истражувачки центри, од што се очекува да се креира употребливо знаење и значително да се придонесе во подигањето на гранската и национална конкурентност на македонското стопанство.

Секоја организација посакува да вработи професионален менаџер, кој веднаш по завршувањето на своето образование ќе може непречено да се вклучи во работата на организацијата. Ова е уште повеќе значајно, затоа што досегашните теоретски и истражувачки елаборации, експлицитно и имплицитно упатуваат на фактот дека клучната улога во процесот на обезбедување одржлива компаниска конкурентност, ја има токму менаџментот.

Тоа, особено се однесува во делот на донесување и спроведување менаџерски одлуки на сите нивоа на менаџмент, кои се однесуваат на одржување краткорочна или оперативна и долгорочна или стратегиска конкурентност на компаниите.

Ваквата улога на менаџментот во обезбедувањето на одржлива компаниска конкурентност, од една страна и фокусираноста на БАС во школување на професионални менаџери за сите нивоа на менаџментот на компаниите (линиски, оперативни и стратегиски менаџери), од друга страна, се главна причина за пристапување во развој на истражувачки проекти кои ги реализира БАС Институтот за менаџмент Битола. Целта на секое научно истражување и проучување е да даде одговор на многу идентификувани проблеми, односно да се разрешат однапред поставени хипотези. Еден од начините да се дојде до решение на воочениот проблем е да се пристапи кон разумна анализа и примена на претходно искуство, но најчестиот и најсигурен пат кој води до вистински одговор на поставените истражувачки прашања е научното проучување и истражување.

Во насока на стекнување на погоре споменатите компетенции кај професионалните менаџери, е веќе реализираниот истражувачки проект „Развивање на стратегиски фокусирани организации за конкурентност (РСФОК)“ на БАС Институтот за менаџмент Битола, кој обезбеди доволно широка и пред се` научно заснована поддршка на натамошниот развој на студиите по професионален менаџмент во Република Македонија, воопшто и на студиските програми по оперативен и стратегиски менаџмент на Бизнис Академијата Смилевски БАС Скопје, како и кај партнерските организации каде студентите од БАС ја реализираат теренската студентска практика. Секако дека вакви практични импликации се очекуваат и од новата истражувачка програма „Влијанието на иновациите врз компаниската конкурентност (ВИКО)“, чија реализација е во тек.

Врз основа на сите ново добиени истражувачки резултати може во секое време да се изврши осовременување на изворите за студирање (учебници, студии на случаи, симулации и сл.), а со тоа и поголемо интегрирање на наставниот процес кон реалните состојби во македонските компании.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование