Безбедносните камери најчесто се поставуваат како мерки за претпазливост и заштита на граѓаните во случаи на кражби и несреќи. Но, во Јапонија, безбедносните камери се користат за друга работа - помагање на пијаните луѓе.
Изминатата недела, железницата во западна Јапонија ги претстави плановите за ставање безбедносни камери на платформата на станици во Осака. Компанијата веќе ставила 46 камери во метроата и возовите кои ќе бидат искористени за набљудување знаци на пијаност, заспивање или нестабилно стоење во подолг период.
Кога камерите ќе препознаат такво однесување, се активира аларм кај вработените за реагирање во случај патникот во прашање да не ја пропушти својата станица.
Пијаното возење во метро претставува проблем во Јапонија. Компанијата изјавува дека 60% од несреќите со метрото во Јапонија се предизвикани од пијани патници.