Поддржувајќи го претприемништвото, охрабрувајќи ги младите и залагајќи се за нивна подобра иднина во Пелагонискиот регион, CEED Македонија објавува Повик за проведување на Програмата за развој на претприемачки вештини и бизнис идеја, кој што ќе се реализира во периодот од септември 2015 година до февруари 2016 година: Моја идеја! Мој бизнис!
Програмата е целосно поддржана од Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп, во рамките на компаниските општествено – социјални активности во Република Македонија.
Програмата ќе биде имплементирана од CEED Македонија и вклучува пет практични еднодневни модули за унапредување на претприемачките вештини и знаења, изготвување и имплементирање на бизнис идеи и планови, можност за менторство и коучинг од страна на докажани и успешни бизнисмени и менаџери, како и можност за аплицирање за еднократен мал грант за започнување/доразвивање на сопствен бизнис.
Кој може да се пријави?
Право на аплицирање и учество во програмата имаат сите кои се:
- државјани на Република Македонија и жители на регионот Пелагонија
- на возраст од 18 до 35 години
- имаат своја фирма (не постара од три години), бизнис план или бизнис идеја
- немаат фирма, бизнис план или бизнис идеја, но сакаат да започнат свој сопствен бизнис
Селекција
Откако ќе се процени целосноста на доставените формулари, Комисија составена од претставници на CEED и Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп ќе изврши селекција на најуспешните апликанти, кои ќе бидат повикани на кратко интервју, со цел да се изврши финалната селекција на учесници во програмата.
Како да се пријавите?
Со пополнување на формулар за пријавување кој може да го најдете на Бизнис Инфо или да го побарате со испраќање на е-маил на atrpovska@ceed-macedonia.org и vkardalevska@ceed-macedonia.org. Пополнетиот формулар електронски треба да го испратите на следниве е-маил адреси: atrpovska@ceed-macedonia.org и vkardalevska@ceed-macedonia.org.
Рок за пријавување
Уредно и целосно пополнетите формулари треба да бидат испратени најдоцна до 21 септември 2015 година.
СИМНЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ТУКА!