Продажба. Трговски претставник. Продавач.
Постојано ги слушаме овие термини, понекогаш изговорени со доза на презир. „Продажба“ може да биде валкан збор за Канаѓаните, често будејќи ја кај нив сликата на продавач на автомобили кој го лаже својот клиент само колку да го продаде автомобилот.
За да ги привлечат луѓето кон оваа професија, многу компании го отстраниле зборот од користените термини, а се употребуваат изразите „претставник за развој на бизнисот“ или „менаџер на профили“. Но, продажбата е всушност крвотокот на сите компании. Критериумот според кој компаниите се оценуваат. Без продажбата нема бизнис, ниту профит. Без продажба, нема ниту работни места.
Иако продажбата директно влијание на финансискиот извештај на компанијата, сепак ретко е вметната за изучување во формалната едукација. Ако се погледне поголемиот дел од наставната програма во Канада и тоа во училиштата за бизнис, ќе се добие впечаток дека продажбата не е круцијална во одредена организација. Најчесто продажбата се заменува со маркетинг, но тоа не е исто.
Што е всушност продажбата? Тоа е способноста за слушање, разбирање, чувство и реагирање на потребите на другите. На многу начини, продажбата може да биде дефинирана како емпатија и способност за гледање на работите преку очите на другите. Продажбата значи да ги познавате вашите клиенти, нивните потреби и да разберете дека тие се водат според два клучни мотиви : болка и добивка. Решете го нивниот проблем или дајте им ја придобивката која ја бараат и тие ќе купат производ од вас.
Продажбата значи да се биде свесен дека купувањето е всушност емоционална одлука, оправдана од логиката. Преку продажбата се развива ниво на доверба со клиентот, за тој да поверува дека вие работите во негов интерес.
Овие вештини се всушност животни вештини кои можат и треба да бидат изучувани систематски во средно училиште, а потоа и како програма во високото образование. Негативниот пристап кон продажбата во канадскиот систем спречува компаниите да ги прошират своите бизнис можности и да си обезбедат пристап кон нови пазари, па и да го прошират бизнисот надвор од границите на земјата, односно да остварат соработка со други делови од светот како Латинска Америка, Азија, Африка и Скандинавија.
Канадските експерти советуваат да се обрне внимание на ваквата ситуација и младите генерација да ја добијат можноста за изучување на продажбата и да се мотивираат, за во иднина да се одлучуваат за таа професија.