X
 19.04.2016 Живот

Временска прогноза: Пад на температурите во наредните денови



Во Македонија во вторник умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и топло. Многу повеќе сонце се очекува во западните и југозападните предели. Ќе дува дооумерен југозападен и југоистикн ветер кој ќе достигне брина и до 50 км/ч. Утринските температури од 8 до 18 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 32 степени. УВ инедекот ќе има вредност 6.

Во доцните вечерни часови но и во текот на ноќа во севените и североисточните предели не е исклучена можноста за сосема слаби локални врнежи.

Во Скопје во вторник ќе биде претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува доумерен јужен и југосточен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 29 степени.

Македонија во среда и четврток ќе биде под влиијание на северно воздушно струење, кое ќе услови посвежо време со пад на утринските и дневните температури. Ќе биде претежно сончево, ветровито и свежо. Во среда максималнитет температури од 14 до 23 степени, додека пак во четврток Утринските температури од 0 до 8 степени, а максималните од 15 односно до 24 степени. Во петок и сабота умерено облачно со сончеви периоди со максимална температура од 18 до 27 односно од 17 до 26 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот