X
 20.02.2020 Наука

Како настанува временската прогноза и зошто често е погрешна?

Временските прогнози што предвидуваат вакви настани им помагаат на луѓето да се подготват за нив, но како се прави прогнозата и зошто не е секогаш точна?

Како се предвидува времето?


Се собираат колку што е можно повеќе информации за времето и состојбата на атмосферата. Се собираат информации како температурата, притисокот, влажноста и брзината на ветерот од целиот свет и потоа се поставуваат во моќни суперкомпјутери. Главниот ограничувачки фактор е колку брзо овие компјутери можат да ги обработат сите овие информации за да создадат прогноза.

И метеоролозите ги следат тековните временски услови за да обезбедат прогноза, а прават измени тогаш кога е потребно.

прогноза
Фото: Pixabay

Зошто временските прогнози понекогаш се погрешни?


Поради хаотичната природа на атмосферата, дури и малите случувања во океанот можат да имаат значително влијание врз струењето на воздухот. Атмосферата е голема и комплексна и е невозможно точно да се следи секој нејзин дел, така што неизбежно е да има празнини во тие анализи и набљудувања.

Како резултат, понекогаш може да се пропуштат некои работи или да не се забележат.

Но, како што се подобрува нашето знаење за атмосферата, заедно со напредокот во компјутерската технологија, предвидувањата за иднината стануваат поточни. Така, британската метеоролошка канцеларија наведува дека четиридневната прогноза денес е точна како што пред 30 години била точна прогнозата за еден ден.

Подолгите предвидувања сепак можат да дадат добар придонес кон општите трендови, на пример, дали ќе биде повлажно или посуво од просекот. Можеме да користиме и компјутери за да моделираме како нашата клима би можела да изгледа по неколку децении.

Зошто има различни прогнози?


Постои повеќе од еден одговор на прашањето: Какво ќе биде времето утре?

Различни организации низ светот произведуваат временски прогнози користејќи различни компјутерски програми. Некои може да предвидат дека ќе има дожд околу 21 часот, додека други дека ќе има дожд на полноќ. Различни медиумски организации земаат временски прогнози од различни места.

Освен тоа, има голем број апликации за временски услови каде што пристигнуваат различни податоци и секоја може да користи различни методи за прикажување на временската прогноза.

Што носи иднината за временската прогноза?

Со оглед на тоа што компјутерската технологија се развива брзо, особено брзината на обработката на податоците, ќе можеме да анализираме повеќе набљудувања. Овие набљудувања ќе бидат ставени во покомплексни равенки, поттикнувајќи прогнози за помали области.

Ова треба да доведе до поточни прогнози.

Извор: BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука