X
 02.09.2015 Технологија

Како да избришете malware од вашиот Android уред?

Кога инсталирате апликации од непознати извори, можно е во вашиот уред да навлези malware.  Без разлика како дошло до ова, бришењето на malware може да е покомплицирана работа. Кога телефонот е полн со вакви malware апликации, интерфејсот е доста бавен, а во некои случаи нема да можете да влезите во менито на системот. За да ги немате овие фрустрации, ви нудиме едноставен трик.

1 чекор: Стартување на системот во Safe mode

 

1


Првото нешто што треба да го направите е да го стартувате системот во Safe Mode. Во зависност од тоа што уред имате, процесот во Safe Моde може да е различен. Кај повеќето уреди, едноставно долго притиснете „Power off“, па ќе ви излезе опција да го стартувате системот во Safe Mode. Притиснете ок, а потоа уредот автоматски ќе стартува.

Ако malware-от не ви дозволува да стигнете до менито на вашиот уред, тогаш најдобро е рачно да го исклучите телефонот или да го исклучите батеријата па повторно да ја ставите. Доколку телефонот нема батерија која може да се извади, обидете се да го држете копчето за исклучување околу 10 секунди, за да го исклучите.

Откако уредот ќе стартува, ќе треба да притиснете комбинација на хардвер копчиња за да предизвикате Safe mode. За повеќето телефони и таблети, тоа се прави преку притискање на двете копчиња за глас додека уредот стартува. За постарите уреди, држете го копчето за хардвер менито за време на стартувањето. Откако ќе влезете во Safe Mode, ќе ви пишува на самиот екран.

 

2


2 чекор: Избришете ги проблематичните апликации

 

3


Откако ќе се приклучите во Safe Mode, одете во поставките. Од таму изберете Apps или Applications. Во одделот Downloaded можете да ги најдете сите апликации.

Видете на листата дали има некои апликации кои не ви се познати - тие ќе бидат malware. Изберете ги одделно и притиснете uninstall.

 

5


Доколку ова копче е со бледо сива боја, тогаш апликацијата е активирана од администраторот на уредот, што значи дека вие треба да ја деактивирате оваа функција пред да ја избришите. За да го направите тоа одете во главното мени за поставки на вашиот уред, изберете ја опцијата Security. Од таму притиснете Device Administrator и тргнете го знакчето за штиклирање од било која сомнителна апликација. Потоа ќе можете без проблем да ја избришете.

 

6


3 чекор: Стартувајте во Android

Откако ќе ги избришете сите вакви апликации, безбедно е да се вратите во нормалниот мод на уредот. Исклучете го уредот и кога ќе се приклучи, ќе бидете излезени од Safe Моde.

 

7

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија