X
 06.09.2015 Живот

12 годишно девојче има повисока интелигенција од Ајнштајн и Стивен Хокинг

12 годишната британка Лидија Себастијан ги победи големите умови вклучувајќи ги Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн и доби максимални поени на Менса тестот за интелигенција.

 

1


Лидија се приклучи на 1% од луѓето кои имаат највисока оценка од 162.

Лидија, која живее во Есекс, Англија, го опиша тестот за интелигенција како „доста лесен“. Таа ги заврши 150-те прашања кои ја мерат вербалната способност за расудување.

„На почеток бев доста нервозна, но откако започнав, беше полесно отколку што очекував, па затоа се опуштив. Изработив најдобро што можам“, вели таа.

Нејзиниот татко Арун Себастијан, кој е радиолог во општата  болница Колчестер, вели дека неговата ќерка цела година зборувала за тестот, а се тестирала и на интернет верзијата на тестот; и таму ги добила највисоките поени.

Лидија, која сега треба да започне 8 одделение во Колчестер средното окржно училиште, ги има прочитано сите седум Хари Потер книги и свири на виолина уште од 4 години.

„Лидија започна да зборува на 6 месеци. Во тој период јас стажирав, а мојата сопруга студираше хемија, па често пати не бев дома за време на викендите. Лидија постојано ми кажуваше по неколку зборови на телефон. Исто така, на рана возраст покажа интерес за читање. Имаше само неколку години кога започна да чита книги кои беа за постари деца“, вели нејзиниот татко.

 12


Нејзините омилени предмети се математика и физика, а домашните доброволно ги пишува во 8 часот наутро.

Неверојатно, Лидија не е првото дете гениј кое постигна совршени резултати на тестот за интелигенција. Таа се приклучи на 12 годишната Никол Бар, која исто така е од Есекс и Ахил Џоухер, 10 годишно момче од Блекбурн.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот