X
 18.05.2017 Живот

Знаци кои ќе Ви покажат дали сте навистина интелигентни

Многумина се сметаат себе си за интелигентни. Исто така многумина сакаат да веруваат дека се поинтелигентни од другите. Единтвениот проблем е што другите исто така размислуваат некако и не веруваат дека Вие сте интелигентни како што мислите.

Како и да е, постојат неколку методи со кои може да се мери интелигенцијата, а постојат и одредени знаци кои укажуваат на тоа. Овде се задржуваме на второто:

Можете да решите проблем во реалниот живот – интелигентните луѓе се добри во решавање на вистински животни проблеми. Тие се многу поразлични од учебниците каде што веќе се знае кое е решението, а Ваше е само да го погодите. Во вистинскиот живот секој проблем е уникатен и нов.

Ги избирате вистинските луѓе за вистинската работа – интелигентните личности знаат која е правата личност што треба да го реши проблемот, со што работата се извршува поефективно.

Често успевате во постигнување на Вашите цели – обичните луѓе се мотивирани од другите за да продолжат напред и да бидат позитивни. Интелигентните се познаваат себе си и знаат во што се добри, а во што не. Тие се стремат за цели кои се во рамките на нивниот опсег и нивните шанси за успех се разумни. Дури и кога не успеваат, тие учат и го прават неуспехот отскочна штица.

Креативни сте – интелигенцијата е невозможна без креативноста. Човек без креативност е како машина што може ефикасно да ги извршува функциите за кои е програмирана, но ништо повеќе. Интелигентната личност е многу креативна и никогаш не ја повторува истата грешка два пати.

Среќни сте – ако не сте среќни со Вашиот живот сигурно не сте интелигентни. Основната цел во животот е да се биде среќен и како интелигентна личност мора да знаете што Ве прави среќни и како да станете среќни за себе и за другите. Ако сте фрустрирани, веројатно не се познавате себе си.

Можете да синтетизирате знаење – интелигентните луѓе не се секогаш едуцирани во најдобрите училишта. Но, тие исто така не го губат нивното време за да учат работи кои не им се потребни. Исто така способни се да учат од секого. Можат да го искористат знаењето од една област во друга и се експерти за животот.

Можете да работите со луѓе што се попаметни од Вас – интелигентните луѓе често имаат слаба меморија и бавни аналитички способности, но тие имаат „знаење за знаењето“. Тие ја имаат широката слика за светот и знаат како индивидуалните нешта се вклопуваат на соодветното место. Кога сретнуваат попаметни луѓе ги користат нивните силни страни за да ги исполнат своите цели.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот