X
 06.09.2015 Култура

Необичен феномен во Канада - неверојатно езеро со дамки

Ова необично езеро содржи различни минерали како магнезиум сулфат, калциум и натриум сулфат, како и мали количини на сребро и титаниум.

 

1


Бидејќи температурите во текот на летото достигнуваат до 38 степени Целзиусови, поголемиот дел од водата испарува, оставајќи наслаги од минерали. Во зависност од природата на миенралите, тие можат да се зелени, светло жолти, бели и сини.

„Дамките“ обично се состојат од магнезиум сулфат, кој во текот на летото се кристализира, создавајќи цврста природна „лента“ меѓу пегите.

 

2


За време на Првата светска војна, минералите биле исцрпени и биле користени за производство на муниција. Наводно, кинексите работници од површината собирале до еден тон сол на ден и го испраќале во фабриките за производство на муниција во источна Канада.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура