X
 15.07.2018 Живот

Првото видео од тајландските момчиња по спасувањето: Погледнете како им се заблагодарија на спасувачите

Дванаесетте момчиња кои по 17 дена поминати во пештера во Тајланд беа спасени и одведени во болница, ја испратија првата видеопорака.

Момчињата во пораката им се заблагодарија на сите што учествуваа во спасувачката мисија и ја известија јавноста за нивното здравје.

poraka

-Здраво, јас сум Абдул. Сега се чувствувам добро.
-Не мора да се плашите, сега сме безбедни.
-Се викам Титан. Сакам да им се заблагодарам на спасувачите што ни помогнаа.
-Јас сум Миг. Сега сум добро.
-Јас сум Ноте. Моето здравје сега е во ред.
-Јас сум Дом. Сакам да се заблагодарам.
-Јас сум Понг. Им благодарам на луѓето што дојдоа да ме спасат.

Освен што се заблагодарија, момчињата открија и што би сакале да јадат - суши, пржено пилешко...

Во акцијата за спасување учествуваа 90 нуркачи од целиот свет. Операцијата беше неизвесна поради временските услови и анализирањето на плановите за спасување, но благодарение на искуството на нуркачите, успешно заврши. Момчињата беа спасувани во етапи, првите четворица во неделата, вторите четворица во понеделникот, а останатите заедно со тренерот во вторникот.

Откако беа извлечени, момчињата беа одведени во болница поради опасност од инфекции. Неколкумина имаа воспаление на белите дробови, а наредната недела сите ќе бидат пуштени дома.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот