X
 20.12.2017 Наука

Што би се случило кога би се отворила дупка на дното на океанот?

Aко не сте ја прочитале книгата „What If?: Serious Scientific Answers to Absurd Hypothetical Questions“, верувајте дека е одлична за сите што сакаат да добијат одговор на чудни и интересни прашања на едноставен и информативен начин.

Едно прашање што ги заинтригира луѓето е: Што би се случило ако се отвори мала дупка од 10 метри во Маријанскиот Ров? Одговорот е прилично зачудувачки. Авторот Рандал Мунро сугерирал дека во почетокот нема да има некоја поголема активност, и покрај тоа што станува збор за дупка што се пробива низ површината на Земјата. Всушност, нивото на океаните би паѓало помалку од еден сантиметар на ден. Со текот на времето водата би продолжила да опаѓа, а планетата постепено би станала непрепознатлива бидејќи би се откриле подводни острови, а земјиштата што некогаш биле поделени со вода би биле многу поблиску едни до други.

Еден корисник на „Редит“ бил толку фасциниран од прашањето што создал интересна кратка анимација што ги илустрира ефектите од загубата на вода.

.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука