„
The solar decathlon“ е американски натпревар за израдба на соларен дом кој започнува во октомври. Засега се добиени поголем број предлози за учество во натпреварот, а меѓу нив има креативни идеи. Сите предложени домови се дизајнирани од студенти и сите домови се еколошки издржливи. На одреден начин, овие домови ни нудат поглед кон иднината.
Првото издание од натпреварот било одржано во 2002 година, а истиот е организиран од страна на Ричард Кинг. На почетокот, домовите биле дизајнирани за функционалност, но сега тие вклучуваат цели системи со паметни уреди.
На натпреварот, кандидатите треба да поминат 10 тестови со буџет од 250.000 долари кои може да ги потрошат за изградба. 14-те одбрани тимови ќе се борат за победа во октомври. Предлозите на тимовите најдете ги во галеријата.