X
 21.11.2019 Живот

38 проценти од студентите сметаат дека грип се лекува со антибиотици

Речиси половина од студентите при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје сметаат дека антибиотиците се користат за лекување вирусни инфекции. Ова го покажува последното анкетно истражување што Здружението на студенти по медицина – ЗСМ го спроведе во изминатите два месеца.
- 46 проценти од студентите на анкетниот прашалник одговорија дека земаат антибиотици и без претходно консултирање со лекар, а 38% од нив сметаат дека антибиотиците помагаат при лекување на сезонски грип - покажало истражувањето.
Истражувањето е направено по повод одбележување на Светската недела за рационална употреба на антибиотици (18-24 ноември). Со анкетата биле опфатени 1.024 испитаници.



Со цел да се разјаснат овие најчести грешки на студентите, Здружението на студентите по медицина изработи информативно видео во кое одговори на прашањата даваат професори од Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје, и тоа Институтот за микробиологија и паразитологија, Институтот за претклиничка и клиничка фармакологија со токсикологија и Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот