X
 07.09.2015 Технологија

Програмските јазици низ годините


Светот на програмирањето започнал во 1950-те години со „Autocode“. Се работи за еден од програмските системи кои биле напишани за користење на дигиталните компјутери во Манчестер, Кембриџ и Лондон.

Во 1970 година пристигнал „Pascal“. Именуван во чест на францускиот математичар Блејз Паскал, овој јазик им овозможил на програмерите да дефинираат комплексни податочни структури. „С“ бил напишан во 1972 година, а тој е познат дури и денес и се користи за структуирано програмирање.

Во 1991 година светот се запозна со „Python“ со кој програмерите можеле да претставуваат концепти во помалку редоци. „Java“ била напишана во 1995 година и била наменета за дизајнирање апликации за секакви платформи. Истата година бил напишан и „PHP“, кој е за развивање интернет-страници и генерално програмирање.

Во продолжение погледнете ги сите програмски јазици претставени според деценијата во која се напишани.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија