Студентите од Правниот факултет, со помош на студентите од музичката академија, минатата недела во центарот на Белград, направија вистинска врева.
Со музички протест и транспарент „Сакаме култура, а не reality!“, воодушевија преку 200 собрани граѓани, а веста за необичниот протест стана вирална на интернет. Тие велат дека преку протестот сакаат да изразат незадоволство и да препорачаат дека сакаат да го „запрат шундот и кичот со кој ги бомбардираат од Западот“.
„Не е протест против телевизијата. Реалити емисисите ги искористивме како пример за кич и шунд кој ние не го сакаме. Порачавме дека сакаме музеи и театар, а не „Фарма“, „Парови“ и „Големиот брат“, велат студентите.
Како што велат тие, студентите намерно ја избраа оваа локација, бидејќи тука се наоѓа со години затворениот Народен музеј, за да го привлечат вниманието на претставниците на владата.
„Ни го скратуваат правото на култура. Сакаме Србија да има слух и за неа, а не само за реалити програмите. Симболично го избравме 1 септевмри, бидејќи е ден кога децата започнуваат на училиште“, вели студентот Андреј и додава дека собирот бил обид организацијата да поттикне колку што може повеќе истомисленици.
На страната Peticije24.com, е започната петиција „Србија против „Фарма“, „Парови“, „Малдиви“ и „Големиот брат“. За 48 часа, ја потпишаа преку 90.800 луѓе. Студентите велат дека се изненадени од позитивните реакции од нивните сограѓани и големото внимание од медиумите.
„Луѓето го препознаа она за кое се бориме. После перформансите ни покажаа дека децата ни се благодарни и велат дека не сакаат нивните деца да растат со вакви ужасни програми, туку сакаат да имаат здрави сфаќања како нашите“, вели тој.