X
 31.07.2018 Култура

Овој прекрасен мост во Виетнам ќе ви го одземе здивот

Мостот во близина на Да Нанг, Виетнам ги воодушеви посетителите со својот елегантен дизајн.

Познат како „Златниот мост“, мостот стои на 1.400 метри надморска височина над ридовите Ба На и нуди прекрасен поглед кон околните села. златната обоена патека е наредена со виолетови хризантеми и се протега речиси 150 метри со неговиот елегантен дизајн. Всушност, извајаните раце даваат вистинско воодушевување. Дизајнот за мостот е дело на архитектноската компанијата „ТА Лендскејп“. Иако изгледа дека рацете се направени од камен, всушност не се.

-Го дизајниравме „скелетот“ на рацете и ги покривме со челични мрежи. Завршивме со фиберстакло. Целата конструкција на мостот траеше околу една година - вели претставник од компанијата.

Виетнам доживеа туристички бум бидејќи сѐ поголем број на луѓе ја откриваат убавината на оваа извонредна земја.



ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура