X
 28.07.2023 Технологија

Модел со вештачка интелигенција прави 10.000 пати побрза временска прогноза

Моделите за временска прогноза засновани на вештачка интелигенција беа атрактивни во последниве години, но немаа прецизност. Компанијата „Хуавеи“ го разви „Пангу ведр“ (Pangu Weather), модел за предвидување на времето кој е 10.000 пати побрз од традиционалните нумерички методи, така што за само неколку секунди може да се добие прогноза за целиот свет, што досега се сметаше за невозможно.

Благодарение на прецизното предвидување на патеката на овогодишниот тајфун „Мавар“, едно од водечките светски научни списанија „Нејчр“ објави статија за овој модел за прогноза на времето со вештачка интелигенција. Документот опишува како може да се користи прецизен и точен глобален систем за прогноза на времето со вештачка интелигенција врз основа на податоците од претходните 43 години.

Академските рецензенти од списанието објасниле дека моделот е многу лесен за преземање и користење, како и дека може брзо да се имплементира дури и на обичен компјутер. За време на научните тестови моделот покажал поголема точност во споредба со традиционалните нумерички методи за прогнози од еден час до 7 дена, со зголемување на брзината на прогнозирање за 10.000 пати.

Моделот може да ги предвиди најдобрите метеоролошки податоци, вклучувајќи влажност, брзина на ветерот, температура и притисок од нивото на морето за само неколку секунди. Моделот користи специјална архитектура за обработка на сложени 3Д-метеоролошки податоци.

Користејќи хиерархиска, временска стратегија за агрегација, моделот е обучен за различни прогнозирани интервали користејќи интервали од еден час, три, шест и 24 часа. Тоа резултирало со намалување на бројот на повторувања за прогнозирање на метеоролошката состојба во одредено време и намалување на погрешните прогнози.

Извор: Smart life
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија