X
 14.09.2015 Технологија

Светот го доби најголемиот генератор на вештачки бранови

Светот го доби најголемиот генератор на бранови, а истиот доаѓа од Холандија. Целта на генераторот е истата на програмата која треба да допринесе на разбирањето на природата на морето, кое е постојана закана за Холандија.


За изградбата на генераторот биле потрошени 26 милиони евра. Во генераторот може да собере 9 милиони литри вода кои пристигнуваат од резервоарот со брзина од 1.000 литри во секунда, а може да создадат водени столбови со висина од 5 метри.

Целта на научниците кои се вклучени во проектот е истражување на природните процеси како поплавите, за да се борат против нив поефикасно.

Инаку, две третини од копното на Холандија е во ризик од поплава. Меѓународниот панел за климатски промени на Обединетите нации предупреди дека до 2100 година средното ниво на морето би можело да порасне за 28-98 центиметри.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија