X
 19.07.2022 Живот

Холанѓаните фрлаат сол на патиштата за да ја намалат температурата

Општинските власти и приватниот сектор во Холандија денеска презедоа итни мерки бидејќи температурите се искачија близу 40 степени.

Машини фрлаа сол на одредени патишта со цел да се намали температурата на површината. Општинските власти појаснија дека солта ја извлекува влагата од воздухот што доведува до намалување на топлината на асфалтот, што може да достигне до 50 степени во такви услови.

Алберт Хеин, најголемиот синџир на супермаркети во земјата, соопшти дека нема да разнесува намирници до домови, со цел да ги поштеди своите возачи. На социјалните мрежи потрошувачи изразија незадоволство од таквата одлука.

Многу подвижни мостови во Амстердам се прскани со вода за да се намали ширењето на челикот.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот