Сенатот на Холандија го одобри нацрт-законот со кој се дозволува одбивање на дозволи за постојан престој за лица кои се родени во Холандија или живеат таму од 4-годишна возраст доколку се осудени за сериозно кривично дело.
Одлуката ја поздрави министерот за азил и миграција Марјолејн Фабер, нарекувајќи ја добра вест.
Новата мерка има цел да ја спречи миграцијата во Холандија, која е една од главните грижи на властите во Амстердам.
Сепак, одобрениот предлог-закон не е едногласно поздравен. Некои критичари тврдат дека законот усвоен од Сенатот не се согласува со принципите на уставната држава.
Истражувачкиот новинар Де Кантекенинг Сем Гертис верува дека со овој нацрт-закон ќе почне големата депортација.
- Ако сте родени во Холандија и сте осудени за тешко кривично дело, чао! Следниот чекор е мало кривично дело. Потоа сомнеж за кривично дело. Сето тоа е толку транспарентно - изјави тој.
И новинарот Јан-Алберт Хусен го критикуваше новиот предлог-закон, иако тој не верува дека кабинетот на Шоф ќе ја добие оваа битка.
- Ова е спротивно на меѓународното право и речиси сите меѓународни договори што Холандија ги потпиша во врска со ова прашање. Ќе има поплава од тужби пред Европскиот суд кои Холандија ќе ги изгуби - изјави тој.
Според сегашниот закон, само на лицата што се осудени на повеќе од пет години затвор за сериозно дело поврзано со дрога може да им биде одбиена дозволата за постојан престој поради нивното криминално досие.
Според Службата за имиграција и натурализација, минатата година било забележано зголемување на бројот на обработени барања за престој и државјанство во споредба со бројките од 2022 година.
Податоците обезбедени од Службата за имиграција и натурализација открија дека во продолжениот процес за азил, процентот на одобрени барања се намалил од 78 отсто во 2022 година на 62 отсто во 2023 година.
Извор:
Schengen.news
Фото: Freepik