X
 16.09.2015 Технологија

Огромни фенови ќе го апсорбираат јаглерод диоксидод од воздухот

Штетните гасови кои се испуштаат во атмосферата најчесто се предизвикани од превозните средства. 24% од глобалното ниво на испуштање јаглерод диоксид доаѓа токму од возилата. Овие гасови се потешки за ограничување и намалување. Но, сега има начин на кој може да се промени ова.


На почетокот на годината, приватна компанија наречена „Карбонско инженерство“ започна со изградба на првата централа за вшмукување јаглерод диоксид. Компанијата работела на технологијата со години и сега е подготвена да го направи следниот чекор.





Исто како дрвјата, оваа технологија ги собира честичките јаглерод диоксид од воздухот. Овие централи може да бидат изградени било каде, дури и во пустините. Прототипниот систем може да апсорбира гасови од 14-15 возила, односно 100 килограми јаглерод диоксид дневно.

Изградбата на пробната централа треба да заврши до крајот на годината, а централите би требало да започнат да се користат до 2017 година.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија