Истражувачи од Институтот „Пол Шерер“ и ЕТХ во Цирих, Швајцарија, објавија нова студија во која се истражува до кој степен директното заробување на јаглеродниот диоксид од воздухот може да помогне во ефикасното отстранување на стакленичките гасови од атмосферата. Резултатите се импресивни и некои процени велат дека до 97% од стакленичките гасови може да се заробат.
Научниците истражувале вкупно пет различни конфигурации за заробување на јаглероден диоксид од воздухот на осум различни локации низ светот: Чиле, Грција, Јордан, Мексико, Шпанија, Исланд, Норвешка и Швајцарија.
- Користењето на оваа технологија има смисла само ако овие емисии се значително пониски од количините на јаглероден диоксид - истакна истражувачот Том Терлоу, кој е главен автор на студијата.
Неодамна имаше вести за нова фабрика која треба да се отвори во Шкотска, а која секоја година ќе отстранува до еден милион тони јаглерод од воздухот. Тоа е еднакво на 40 милиони дрвја годишно.
Исто така, порано се дискутираше дали заробувањето и складирањето на јаглеродот е изводливо за ублажување на климатските промени. Авторите на новиот извештај велат дека е, но само како дополнителна опција.
- Технологиите за заробување јаглероден диоксид се само дополнителни на целата стратегија за декарбонизација, односно редукција на емисиите на јаглероден диоксид и не можат да ја заменат - нагласува Кристијан Бауер, научник и коавтор на студијата.
Тој додава дека тие може да помогнат во постигнување на целите зададени во Парискиот договор за климатските промени, особено во околности каде што емисиите не можат да бидат избегнати, како во земјоделството.
Извор:
Interesting Engineering
Насловна фотографија: Pixabay