Бруто-домашниот производ (БДП) пораснал за 2,6% во второто тримесечје годинава, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемиот пораст се забележува во секторите за финансиски дејности и дејности на осигурување; стручни, научни и технички дејности; административни и помошни услужни дејности; градежништво; трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; транспорт и складирање; објекти за сместување и сервисни дејности со храна.
Во второто тромесечје се зголемил и извозот на стоки и на услуги, и тоа за 8,3%, додека увозот бил зголемен за 2,7%.
Целосните податоци пронајдете ги на официјалната
интернет-страница на Државниот завод за статистика.