Последниве години постојано се отвораат нови, необични ресторани. Но, има нешто специјално во седењето во ресторан што постои еден, па дури и два века.
Ресторанот „Сент Питер Стифтскулинариум“ во Салцбург, Австрија, постои повеќе од 12 века. Основан во 803 година, тој е најстариот ресторан во светот што сè уште функционира.
Вториот најстар ресторан се наоѓа во Регенсбург, Германија. Дури осум од десетте најстари ресторани во светот се наоѓаат во Европа, меѓу кои се ресторани од Шкотска, Франција и Велс. На листата со 10 најстари ресторани има и ресторани во Кина и во Јапонија.
Според мапата, најстариот ресторан во Македонија што сè уште е во функција е „Идадија“, основан во 1928.
Најстариот ресторан во САД и во Северна Америка се наоѓа во Роуд Ајланд и бил основан во 1673. Најстариот ресторан во Јужна Америка се наоѓа во Богота, Колумбија. Мапата (
оригинална големина) ги покажува најстарите ресторани во секоја држава.
Автор: Елен Гутоски
Извор:
mentalfloss.com