X
 18.09.2015 Култура

Норвешка го гради најголемиот затворен ски центар

ски

 

Најголемиот затворен ски центар ќе биде изграден на 10 минути од Осло.


„Ова е повеќе од ски центар. Ќе изградиме хотел, апартмани и зимска академија како и продавници. Ќе биде одлична дестинација“, вели извршниот директор Кјетил Фледмарк-Ларсен.

„На 9 септември 2015 година беше одобрена конструкцијата на проектот“, велат од „Selvaag Group“, комапнијата која беше задолжена за негово одобрување. „После четири години супериорно инженерство и планирање, ќе работиме заедно со архитектонската фирма „Snøhetta“ за подетални планови и нацрти“, додаваат од компанијата.

Шест-катната зграда ќе има 36.000 квадратни метри снег, и 505 метри долга скијачка патека која ќе биде повеќе од 100 метри широка. Скијачката патека ќе има пет различни ски лифтови, три различни стази и капацитет за 5.000 скијачи на час.

Ски центарот исто така ќе има затворена крос-кантри ски стаза, кадешто 1.000 луѓе ќе можат да скијаат заедно.

Конструкцијата треба да започне на крајот на 2015 година. „Го преселуваме снегот во градот - во текот на целата година“, вели Флеедмарк-Ларсен. „Ќе изградиме крос-кантри скијање на третиот кат и голема скокална и стрмна скијачка патека. Децата и младите луѓе ќе можат да го комбинираат скијањето со училиштето. Ова е идниот тренинг центар за зимски спортови.

„Snowworld“ близу Ахен во Холандија, моментално ја нуди најголемата затворена скијачка патека, а ски центарот има 35.000 квадратни метри снег.

Дубаи го држи рекордот за најдолгата скијачка патека, со 400 метри патека, иако градот планира да го надмини сопствениот ракорд, и да изгради 1.2 км патека до 2020 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура