X
 13.10.2019 Живот

Работи за Норвешка што ќе ве воодушеват

Животот на Вероника целосно се променил откако пред 7 години со сопругот се преселила во Норвешка.

- Мојата облека целосно се промени: се откажав од носење високи потпетици и фустани и сега носам фармерки, џемпери и ниски чевли. Не работам колку што работев претходно и Нова година и не ми е баш некој посебен празник сега. Дел од овие промени што се случија се затоа што културата на оваа земја е навистина органска, но постојат и работи на кои сè уште не сум навикната.

Норвежаните ја обожаваат природата

Во Норвешка постои закон што вели дека секој човек има право на пристап до дивата природа. Тоа значи дека дури и можете да поставите шатор надвор од места за кампување, а можете и да пешачите, скијате, возите велосипед и да пливате каде што сакате. Норвежаните обожаваат да поминуваат време во природа, во кој било дел од годината. Тие дури имаат и посебен збор за тоа - „фрилуфтслив“ што може да се преведе како „живеење на отворено“. Сепак, тие се многу внимателни со природата - никој не фрла ѓубре наоколу и нема ловокрадци.

Нема пердиња и завеси на прозорците

Норвежаните постојано велат дека немаат што да кријат. Токму затоа немаат завеси и пердиња на нивните прозорци. Кога ќе се стемни, можете да шетате по улиците и да видите што се случува во домовите: во еден дом луѓето вечераат, во друг гледаат телевизија, а во трет играат со децата.

На покривите од куќите растат дрвја и трева

View this post on Instagram

Vårkveld på Astruptunet 🌿🏡🌿

A post shared by Liv Lien, Norway (@livslien) on


Така домовите во Норвешка изгледаат привлечно и природно. Овие покриви се појавиле во Норвешка пред многу години, на почетокот од 19 век. Оваа површина се користела за да им помогне на домовите да задржуваат повеќе топлина во зима, а да биде постудено во лето. Згора на тоа, помага и при изолација од звуци. Норвежаните често велат дека зелениот покрив може да издржи какво било невреме.

Во јули цела Норвешка е на одмор

Во Норвешка се случува многу интересно нешто - одмор за сите. Тоа се случува во јули кога цела земја изгледа како да е исклучена: 80 отсто, а можеби и 90 отсто од Норвежаните одат на одмор истовремено. Многу луѓе дури имаат договори за работа во кои се наведува дека имаат право на 5 недели одмор, од кои 3 мора да ги земат во јули.

Во текот на овој период речиси сите канцеларии се затворени, многу компании не работат и добивањето некаква услуга може да биде исклучително тешко.

Се чини дека луѓето во Норвешка не работат многу

Сите градинки затвораат во 16:30 часот, но сите деца се земаат пред 16:00 часот. По 15:30 часот, има голем метеж во сообраќајот, а има и многу луѓе во супермаркетите бидејќи сите одат на шопинг по работа. А по 17:00 часот има многу помалку автомобили и луѓе бидејќи многу Норвежани тогаш вечераат во своите домови.

Ова се неколку факти:

- Официјалниот работен ден во Норвешка трае 7,5 часа, но повеќето канцелариски работници работат 6-7 часа.

- Речиси сите работници го почнуваат работниот ден рано - во 7 или 8 часот наутро.

- Паузата за ручек им е кратка - 30 минути (но Норвежаните прават паузи за кафе на секој час).

- Ако не се чувствувате добро, не мора да посетите доктор, можете да земете 3 слободни дена што ги плаќа работодавецот и да се одморите. Не мора да носите никакви документи за да го докажете тоа. Во текот на годината, можете да земете 12 вакви дена. Многу луѓе го користат ова право и го продолжуваат нивниот одмор.

За Норвежаните, балансот меѓу работата и животот е исклучително важен: тие имаат доволно време за работа, семејство, спорт и хобија.

Децата спијат надвор без оглед на временските услови

View this post on Instagram

Привет, всем любителям путешествий!⠀ Ставьте лайк👍♥️, если вы за сон 😴 на свежем воздухе. ⠀ ⠀ Маленькие дети 👶 должны спать 🛏 днём - это факт! Знаете ли вы, что в Норвегии, в детских садах дети спят днём в колясках на свежем воздухе🙈. В любую погоду: будь то снег ❄️, дождь ☔️, ветер 💨, яркое солнце ☀️, мороз 🥶 (до -10). Воспитатели после обеда укладывают деток в коляски и везут на улицу спать. Некоторые детские сады имеют навесы для колясок, а другие - нет.⠀ ⠀ Когда моя дочь начала ходить в садик в Норвегии, то я всеми силами сопротивлялась тому, чтобы она спала на улице в коляске, но потом я успокоилась🙂 и нашла много плюсов➕. ⠀ ⠀ ➕дети дышат свежим воздухом, риск заразиться уменьшается⠀ ➕дети спят лучше на свежем воздухе: здоровый и крепкий сон⠀ ➕иммунитет укрепляется⠀ ⠀ А вы за какой вариант? Пишите в комментариях! ⠀ Хочешь открыть Свою Норвегию, тогда спроси меня как!⠀ ⠀

A post shared by НОРВЕГИЯ 🇳🇴 ПУТЕШЕСТВИЯ РАБОТА (@otkrojnorvegiju) on


Во норвешките градинки децата спијат во колички на свеж воздух и тоа го прават дури и кога паѓа снег, врне дожд, дува ветер и дури ако надвор е -10 степени. Норвежаните веруваат дека на тој начин децата дишат свеж воздух, а ризикот да се разболат е многу понизок. Со спиењето на свеж воздух имаат поздрав и подобар сон и нивниот имунитет станува посилен.

Факти за норвешките училишта

Децата се стекнуваат со знаења додека играат (особено во основно училиште). На пример, за време на часовите по математика децата играат „супермаркет“ со храна, лажни пари и каси. А за време на часовите по англиски тие се облекуваат како ликови од различни цртани и глумат сцени на англиски.

Ако детето живее далеку од училиштето, автобус или такси го зема и го враќа дома.

Традицијата на правење кутии со храна

Секое утро во едно норвешко семејство почнува со правење „матпаке“, или кутии со храна. Родителите ги прават за нивните деца за на училиште и за себе за на работа.

Животот на пензионираните луѓе


Пензионираните луѓе во Норвешка одлично се држат и го поминуваат слободното време на многу интересни начини, имаат многу хобија и одлично здравје:


- Патуваат многу, можеби 3-4 пати годишно;
- 95 отсто од норвешките пензионери имаат автомобили и се одлични возачи;
- Имаат активен животен стил; скијаат или планинарат и учествуваат во разни клубови за активности;
- Просечната пензија во Норвешка во 2019 година беше 2.000 евра месечно.

Медицински услуги

Семејниот доктор чини околу 25 долари, а овој доктор ги упатува пациентите кај други специјалисти, кои чинат од 35 до 45 долари. Со оглед на високите плати и пензии, ова е одлична цена.

Ако медицинските трошоци стигнат до 220 долари годишно, тогаш на луѓето им се даваат посебни картички што ќе ги покријат сите понатамошни трошоци, сите посети на доктор, посети на специјалист, а и многу лекови се бесплатни.

Цените во Норвешка


Можете да заработите рециклирајќи шишиња и лименки. Кантите за отпадоци имаат посебни делови за да бидат полесно забележливи.

Норвешка е скапа држава. На пример, едно пазарење во супермаркет чини 200 долари, а излегувате со многу малку купени работи. Услугите како такси или одење во ресторан се скапи. Но, просечната плата е од 4.400 до 7.600 долари месечно.

И покрај високата плата, Норвежаните се обидуваат да штедат и на работи за кои ние никогаш не би помислиле:

- Греење. Температурите во становите во зима не се повисоки од 17-18 степени. Кога одат на работа, многу луѓе го исклучуваат греењето. Носат долна облека од волна за да не им студи.

- Во бокалчето за вода ставаат точна количина, а не повеќе отколку што им е потребно во моментот.

- Контролираат колку тоалетна хартија користат.

- Прават мени за цела недела и ги купуваат само оние намирници што им се потребни за планираните јадења.

- Купуваат храна во Шведска, каде што е поевтина.

Кошници за осамени луѓе во супермаркетите

1
Фото: Instagram

Во норвешките продавници и супермаркети постојат сиви кошници за осамени луѓе. Идејата е дека ако сте осамени и сакате да запознаете некого, можете да ја земете оваа кошница и со тоа да покажете дека барате друштво.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот