Познатите музичари станаа и познати дизајнери. Како ви звучи тоа? Звучи необично, звучи возбудливо, звучи супер, токму како новата музичка платформа на СКОПСКО. Авантурата да се дизајнира етикета за најпознатото македонско пиво е предизвик за секој уметник, а уште поголем за уметниците на звукот. Водејќи се од тоа, СКОПСКО покани неколку познати македонски музичари да дизајнираат нивни, оригинални етикети за СКОПСКО. Па така, сега СКОПСКО звучи супер и изгледа супер со дизајните на најдобрите дизајнери на звук: Фолтин, Суперхикс, Гоце Саф и Мугер Фугер.
Нивната инспирација е различна, но секој нив има своја поврзаност со омиленото пиво.
"Дизајнот е наша визуелизација на атмосферата на нашите настапи во живо. Бендот е бротче, членовите на бендот се екипажот, а публиката е морето. Морето е понекогаш мирно, а најчесто немирно, па ние ги насочуваме едрата спроти ветрот и пловиме заедно во нова авантура. А, СКОПСКО секогаш е дел од нашите авантури!", велат од Фолтин.
Новите дизајни беа промовирани на Пиволенд и се дел од новата музичка платформа "Скопско звучи супер". Тие се со модерен изглед и комуникација која се поврзува со публиката која ја цени креативноста, сака добро пиво и слуша квалитетна музика.
Уникатната колекција на СКОПСКО може да се најде во најпознатите локали низ Македонија.