По повод стотиот роденден, Скопско го претстави новиот дизајн на амбалажата на лименките и стаклените шишиња на кој сега се појавуваат имињата на секој од градовите во државата.
И така, омиленото пиво на овие простори сега ќе има етикета на која пишува не само Скопско, туку и Битолско, Штипско, Охридско, Струмичко, Гевгелиско...
На овој начин Скопско сака да им се заблагодари на луѓето кои се дел од заедничката приказна, со кои заедно помина 100 години вредни за паметење и со кои ќе се радува во следните 100. Бидејќи иако адресата му е во Скопје, Скопско својот дом го наоѓа секаде каде што луѓето уживаат во неговиот вкус.
Сите луѓе во земјава имаат различни приказни, доживувања, настани кои ги паметат и спомени кои ги исполнуваат, но она што ги спојува сите нив е Скопско. Омиленото пиво кое е дел од нивните приказни цел еден век и кое низ годините стана национален симбол за среќа, забава и пријателство.
Веќе од денеска љубителите на добро пиво можат да седнат покрај Охридското Езеро и да пијат Охридско или пак да се качат на Пелистер додека се разладуваат со Битолско. Каде и да се наоѓа, во кој било крај од светот, Скопско е препознатливо по уникатниот и автентичен вкус кој веќе 100 години претставува синоним за квалитет, среќа и задоволство.
На здравје, за наредните 100 години!
(Комерцијална објава)