X
 27.09.2015 Живот

Како ќе изгледа иднината на патувањето?

Заборавете ги брошурите за патување и пребарувањето на интернет за нова дестинација. Во иднина, патниците ќе треба само да вклучат уред за виртуелна реалност за да „посетат“ одредена дестинација.


На светскиот ден на туризмот, менаџерот Демиен Артур изјавил дека сè е можно кога станува збор за иднината на патувањето судејќи според напредокот на патувањето во изминатите 40 години.

- Во 1970-те, испраќавме рзгледници за пријателите и семејството, користевме чекови и кревавме тешки торби со нас. - изјави Артур.


Денес, покажуваме дека патуваме преку „Фејсбук“ или „Инстаграм“, користиме картички и багаж на тркалца. Иднината на патувањето ќе биде сосема поинаква од сегашноста.

Одредени дестинации веќе нудат „одмори“ преку искуство со виртуелна реалност. Хотелите веќе го олеснуваат здодевното чекирање и секаков непотребен човеков контакт со апликации, електронски клучеви и сервиси за чистење и послуга составени од роботи.


Во следниве неколку децении ќе се променат и нашите омилени дестинации. Податоците покажуваат дека местата како Мјанмар, Шри Ланка, Никарагва и Бразил стануваат почести дестинации во споредба со традиционалните места како Велика Британија или Европа.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот