X
 03.05.2021 Живот

Зошто членовите на екипажот во авионот секогаш ги поздравуваат патниците кога влегуваат?

Стјуардесата Кет Камалани е популарна на „Тик-ток“ поради корисните трикови и тајни што ги открива за патувањето со авион. Едно нејзино неодамна објавено видео има милиони прегледи. Во него таа открива зошто членовите на екипажот во авионите ве поздравуваат кога влегувате.

Како што вели таа, тие го прават тоа за да видат дали би можеле да помогнете во итен случај. Додека вие гледате насмеано лице кога влегувате во авионот, тоа лице ве анализира и се обидува да процени дали сте некој што би бил од помош доколку е потребно.

@katkamalani

You would never guess the last part... #secretsrevealed #traveler #momsontiktok #flightcrew #travelhacks

♬ SUNNY DAY - Matteo Rossanese


Според неа, членовите на екипажот ја прават оваа анализа и додека се движат низ авионот. Конкретно, тие се обидуваат да препознаат воени лица, лекари, пилоти, пожарникари, полициски службеници и слично.

Камалани открива и дека членовите на екипажот добиваат тренинг како да препознаат жртва на трговија со луѓе.

Автор: Мелиса Вајли
Извор: insider.com
Фото: Pexels
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот