X
 30.09.2015 Образование

Сребро за студент на Славјански на Светски Куп во Германија

Изминатиов викенд 26-27.09 во Германија, Васеркупе се одржа четвртиот Светски Куп во прецизно слетување (Paragliding Accuracy World Cup – Wasserkuppe, Germany), во кој зеде учество македонскиот репрезентативец и студент на Меѓународниот Славјански Универзитет, Борјан Јованоски.




„Многу сум среќен што сум на пиедестал на Светски куп, поточно што го освоив 2-то место, особено на Светски куп кој имаше најголема и најквалитетна конкуренција. Се натпреваруваа пилоти кои досега биле светски и европски прваци, овој Светски куп беше од толку висок ранг, како и финалето на Лигата на шампиони во фудбал. Ветувам дека со уште повеќе припреми наредниот Светски куп, или наредната сезона, ако присуствувам на сите Светски купови ќе го освојам златото на севкупниот ранкинг од Светските купови.“, изјави Борјан Јовановски.

Како општествено-одговорна институција, Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ го поддржува Борјан преку  договор за спонзорство и ги повикува останатите институции активно да се вклучуваат во животот на младите, со тоа што ќе им помагаат да ги развиваат своите таленти и вештини.




Иако условите не беа идеални, Борјан Јованоски, кој беше и најмлад натпреварувач, го освои престижното второ место со 15 негативни поени, во конкуренција од 60 натпреварувачи од 11 различни земји. Првото место му припадна на Матијаж Ферариќ (Словенија) со 8 негативни поени, кој се наоѓа на 3-то место на Светската ранг листа. Третото место му припадна на Драган Попов (Србија) со 26 негативни поени, кој е на 10-то место на Светската ранг листа.

Тимот на Борјан го освои 2-то место во екипна конкуренција. Покрај одличните резултати од предходното првенство во Бугарија, ова е уште еден доказ дека Македонија може да се пофали со квалитетни спортисти, спортисти кои котираат високо на Светската ранг листа, спортисти – амбасадори на Македонија во светот.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование