Охрид и годинава беше домаќин на македонско – руската летна школа „Од заедничкото на културите кон взаемно економско влијание и соработка“, каде гостуваа триесетина руски професори и студенти .
На летната школа, која е во заедничка организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија. учествува и македонски студенти кои сакаат да ги изучуваат рускиот јазик и економијата.
Студентите преку различни форми на учество се вклучија во интерактивни групни сесии, презентации и дискусии во форма на тркалезни маси, работилници, игри за подобрување на комуникациските вештини, консултации со експерти од областа на јазикот, образованието и економијата.
- „Македонија мене ме воодушеви со неверојатни пејзажи и споменици на културното наследство“ - изјави Дарја Евстратова, студентка на Факултетот за економија, менаџмент и услуги при Тамбовскиот универзитет во Русија. – „летната школа беше и одмор и учење – истовремено“.
Програмата на меѓународната летна школа понуди уникатен избор на предавања, специјално подготвени и насочени кон развој на стручните комуникативни искуства на идните економисти и раководители, а исто така и на идните менаџери и специјалисти од областа на IT.