X
 22.03.2016 Образование

Славјански доделува 20 стипендии за најдобрите матуранти


Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ – Св. Николе - Битола доделува вкупно 20 СТИПЕНДИИ за најдобрите матуранти, односно по 4 стипендии за студирање на секој од факултетите:


•    На Факултетот за економија и организација на претприемништво по една стипендија во износ од  1000 и 500 евра и две по 250 евра;
•    На Факултетот за психологија по една стипендија во износ од  1000 и 500 евра и две по 250 евра;
•    На Факултетот за информатика по една стипендија во износ од  1000 и 500 евра и две по 250 евра;
•    На Факултетот за безбедносно инженерство по една стипендија во износ од  1000 и 500 евра и две по 250 евра.
•    На Факултетот за правни науки по една стипендија во износ од  1000 и 500 евра и две по 250 евра.


ПРАВО НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Право на аплицирање имаат сите ученици кои во моментот се во завршна година во средно училиште (матуранти 2015/2016) и матуранти кои се стекнале со Диплома за завршено средно образование во учебната 2014/2015 година.


НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:
Аплицирањето е бесплатно и се врши со пополнување на електронска апликација која може да се најде на следниот линк (апликацијата ќе биде достапна до 20 април 2016): http://msu.edu.mk/upisi/stipendii/ Сите пријавени кандидати потребно е да достават скенирани свидетелства од прва до трета година средно образование на следниов меил: stipendii@msu.edu.mk најдоцна до 20 април 2016 година.


ТЕСТИРАЊЕ:
Стипендиите се доделуваат врз основа на постигнати резултати на тестирање (максимум 70 поени) и успех во 1, 2 и 3 година (максимум 30 поени). Тестирањaето за стипендии ќе биде спроведено од страна на Комисијата за стипендирање при Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе - Битола на 23 aприл 2016 во 12:00 часот на повеќе локации во истовремено:

Св. Николе – МСУ „Г.Р. Державин“  Битола – МСУ „Г.Р. Державин“ Струмица – СОУ „Јане Сандански“
Скопје - СУГС „Кочо Рацин“ - Ѓорче Петров
Охрид - ОСУ „Св. Климент Охридски“

Тестот содржи 40 прашања од кои 30 се на заокружување (по 1 поен) и 10 се на дополнување (по 4 поени). Време за решавање: 90 минути. Прашањата за тестирање се избираат од литература која се користи во средните училишта во Р. М.


ЛИТЕРАТУРА ЗА ТЕСТИРАЊЕТО:
Прашањата за тестирање се избираат од соодветна литература која се користи во средните училишта во Македонија.

1. Факултет за економија и организација на претприемништвото:
Економија за четврта година за реформирано гимназиско образование – Лила Дамеска;
Менаџмент за четврта година гимназиско образование – Бобек Шуклев, Маја Шуклева

2. Факултет за психологија:
Психологија за средните училишта во Република Македонија – автор: Љуљзим Муртезани

3. Факултет за информатика:
Информатика за средно образование – Даниела Ѓорѓевиќ

4. Факултет за безбедносно инженерство:
општ тест по математика од средните училишта

5. Факултет за правни науки:
Вовед во право –  Димитар Балајџиев, Добринка Тасковска, Миодраг Мицајков


РЕЗУЛТАТИ:

Резултатите од тестирањето ќе бидат објавени на нашата веб страна најдоцна до 10.05.2016 година. http://msu.edu.mk/upisi/stipendii/
Услов за да се искористи стипендијата е ученикот да положи матура. За продолжување на стипендијата во наредните години на студирање лицето треба да одржи просек над 8,5 секоја година.

ЛИЦЕ ЗА КОНТАКТ:

Викторија Андушова
тел. +389 32 440 330, +389 78 264 890
меил: stipendii@msu.edu.mk

Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“
ОФИЦИЈАЛЕН РУСКИ ПАРТНЕРСКИ УНИВЕРЗИТЕТ
Web: http://msu.edu.mk/
Facebook: fb.com/slavjanskiuniverzitet
Instagram: slavjanski.univerzitet

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование