Вториот Меѓународен студентски конгрес насловен „Духот на претприемништвото – движечка сила на денешното општество“ во организација на Факултетот за економски и административни науки при Меѓународен балкански универзитет ќе се одржи на 1 и 2 октомври 2015 година во во Скопската стара чаршија.
На Конгресот со свои презентации на оваа тема ќе учествуваат 50 студенти од 19 држави: Германија, Чешка, Полска, Србија, Црна гора, Албанија, Косово, Грција, Бугарија, Украина, Русија, Турција, Јордан, Пакистан, Узбекистан, Таџикистан, Киргизстан, Латвија и Македонија.
Свеченото отварање на Конгресот ќе се одржи на 01.10.2015 година (четврток) со почеток во 10 часот во Хотел Буши Ресорт&Спа во Скопје.