X
 23.10.2022 Настани

Кое сетило последно се гаси кај човекот кога умира

Според истражувањата, слухот е последното сетило што го губат луѓето кога умираат. Научниците откриле дека мозокот продолжува да регистрира звуци дури и ако телото на пациентот повеќе не реагира.

Ова објаснува зошто лекарите често им кажуваат на семејствата на пациентите што се на смртна постела да разговараат со нив, да им кажат љубезен збор, да ги утешат, да ги отфрлат нивните стравови од смртта.

Истражувањето, објавено во јуни 2020 година, покажа дека мозоците на пациентите што умираат сè уште регистрираат активност како одговор на звуците. Истражувачите ја следеле активноста на мозокот кај 17 здрави пациенти и 13 кои биле сместени во болница за смртно болни лица, од кои осум покажале реакција на звуци, а пет воопшто не покажале знаци на мозочна активност.

На секој пациент му биле пуштени два вида песни со пет ноти, при што во едната се повторувале идентични ноти, а во другата имало промени во тонот или различни обрасци. Од здравите и реактивни пациенти било побарано да го избројат бројот на песни во кои се менувале овие обрасци. Научниците открија дека моделите на мозочна активност кај оние што не реагираат се слични на оние кај здравите пациенти, што укажува на тоа дека луѓето сè уште слушаат додека умираат.

- Прикажавме докази дека барем неколку пациенти што умираат, кога не можат да одговорат на вербалните стимули од семејството или здравствениот работник, сепак, слушаат и даваат нервни одговори на низи едноставни аудитивни дразби. Ова е во согласност со исказот дека слухот е едно од последните сетила што ја губи функцијата кога некој умира, па најблиските треба да продолжат да разговараат со своите сакани што се на смртна постела што е можно подолго - се вели во истражувањето.

Извор: National Geographic
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани