Почитувани колеги, имаме голема чест и задоволство да Ве поканиме на Првиот Конгрес на студенти по општа медицина при ФМН – УГД.
Овој настан претставува можност за амбициозни студенти и млади лекари да ја демонстрираат својата работа преку орални и постер презентации од полето на претклинички и клинички предмети, практична работа во работилници и присуство на предавања од реномирани професори. Конгресот ќе биде одлична можност за проширување на теоретските и практични знаења, стекнување на нови колегијални пријателства, а истиот ќе се одржи на 9ти и 10ти мај 2018 година во Мултимедијалниот центар – Штип (Економски Факултет). Инспирирани и полни со ентузијазам, Ве покануваме на соработка. Учеството на конгресот ќе биде слободно за сите студенти на медицина и млади лекари од земјава и околните држави.
Сите заинтересирани студенти може да се пријават на следниот линк: (краен рок за пријава 22.04.2018) h
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScAHRh1MuyNettVjQjiLMQ1lguxe3pEP1uS3AT4ReFV-4mMOg/viewform
Правилници за изработка на апстракт, постер и орална презентација, може да ги погледнете на следниот линк:
https://drive.google.com/open?id=1v4KpvXzVjaKJC-SETLZIpSXhWxzX3p3g
За повеќе информации на:
skom.ugd@gmail.com
Апстрактите испратете ги на:
abstract.skom.ugd@gmail.com
Следетене на социјалните мрежи:
@skom.ugd
Со почит, организационен одбор на студенти по општа медицина при УГД – Штип.