Побарувачката за одредени вештини е толку голема што некои професионалци имаат кариери кои им се сигурни во иднина.
Според регрутирачките експерти архитектите, сметководителите и продавачите се некои од професиите кои ќе имаат долга кариера. Побарувачката за нивните вештини е толку голема, такашто тие не треба да се грижат дали во иднина ќе има работа за нив.
Искусните професионалци кои работат во сметководство, финансиско планирање, здравствена заштита, осигурување, правните фирми и маркетингот се исто така професии со висока побарувачка. За оние кои не се појавуваат на листата, експертите предлагаат да усвојат нови вештини и да ги прошират постоечките технички вештини и искуствата преку обуки.
Сметководство
Постои недостаток на овие професионалци, а исто така во побарувачка се високо квалификувани професионалци, сметководителни службеници, кредитни контролори и слични професии поврзани со сметководството.
Сметководствени фирми
Забележан е зголемен апетит за советодавни услуги, а ова доведува до недостаток на искусни сметководители, особено постари и супервизори на деловни услуги.
Архитектура
Повеќето држави известуваат дека зголемена им е побарувачката за архитекти. Со оглед на моменталниот фокус на станбени проекти и комерцијални развивања, архитектите и дизајнерите на ентериер се доста барани.
Здравствена грижа
Побарувачката во здравјето бара координатори за клиничка нега, медицински сестри и клинички менаџери. Во другите области на здравството се бараат искусни работници за детска заштита, социјални работници, општи лекари, клинички психолози, физиотерапевти и логопеди.
Осигурување
Постои континуирана висока побарувачка за професионалците во осигурувањето како цел маркет, особено за оценувачи за животно осигурување, директори и помошници како и администратори.
Правни фирми
Недостаток на кандидати има во областите на банкарството и финансиите. Високите соработнци и соработниците во деловните парници, во трговското право, корпоративните финансии исто така бараат професионалци.
Маркетинг
Најголемиот тренд моментално во сите земји бара дигитални професионалци. Дигиталните продуценти, содржинските продуценти, директорите, менаџерите за дигитални кампањи се професии кои се во побарувачка.
Продажба
Како бизнис чијшто фокус е продажбата, потребни се докажани и искусни кандидати за успешна продажба.