X
 01.11.2017 Култура

Филмови што треба да ги гледате во ноември

Од нови анимации на „Пиксар“ до фаворити за годинешните „Оскари“, погледнете во кои филмови ќе можете да уживате овој ноември.


1. „Повикај ме со своето име“

фото извор: Sony Pictures

Филм според новелата на Андре Акиман од 2007 година. Се смета за еден од најценетите филмови годинава. Приказната е за млад човек кој живее во Италија и има страсна врска со постар маж. На премиерата на Филмскиот фестивал „Санденс“ филмот беше оценет со позитивни критики, па се верува дека ќе се најде помеѓу главните категории на „Оскарите“. Премиерата во САД е закажана за 24 ноември.

2. „Тор: Рагнарок“

фото извор: Marvel Studios

Претходните изданија имаа низа критики, но овој пат со поимот „рагнарок“, што значи апокалипса, Тор се соочува со божицата на смртта, која ја игра Кејт Бланшет. Ова дело од низата приказни на Марвел во соседна Србија и Унгарија ќе биде прикажано на 1 ноември, на 2 ноември во Камбоџа и во Израел, а на 3 во Индија и Канада.

3. „Убиството во Ориент Експрес“

фото извор: 20 Century Fox

Приказна на Агата Кристи во која негативниот лик убива богат бизнисмен за време на патување во воз низ Балканот. Оживување на приказната од 1974 година со неверојатен кастинг - Шон Конери, Ингрид Бергман и Алберт Фини како Поаро. Сега Кенет Брана е на тоа место, а и на местото на режисер, а покрај него тука се и Џони Деп, Мишел Фајфер, Пенелопи Круз, Џуди Денч. Во САД премиерата е закажана за 10 ноември.

4. „Коко“

фото извор: Disney-Pixar

Во режија на Ли Ункрич од „Приказна за играчките“, ова е анимиран филм за младо момче по име Мигел, чиј идол е легендарниот гитарист Ернесто де ла Круз. Коко се упатува на трансформативна одисеја на себеоткривање во царството на мртвите за да го пронајде својот починат идол и да научи лекции за креативноста и оригиналноста. Премиера на 22 ноември во САД.

5. „Телма“

фото извор: SF Studios Norway

Хорор-приказна за млада жена која се заљубува во друга жена откако ќе се пресели во Осло, а нејзината страст изгледа дека ги отвора и прикажува сите натприродни стравови. Повеќе од хорор, филмот изобилува со психолошки моменти и ги проучува емоционалните длабочини на ликовите со емпатија. Премиера на 10 ноември во САД.

6. „1945“

фото извор: Ferenc Torok

Како им било на преживеаните од холокаустот кога се вратиле во своите домови по завршувањето на Втората светска војна? Потрага по своите пријатели, семејството и саканите и нивната тешка судбина. Драма во која православен маж и неговиот син се враќаат во своето село по преживувањето во логорите. Премиера на 1 ноември во САД.

7. „Трофеј“

фото извор: Shaul Schwarz and Christina Clusiau

Филм кој ги истражува сивите зони на ловењето, исполнет со ужасни слики од животни. Филмот ги прикажува болката и страдањето на уловените животни во Африка, но покажува и дека ловењето ќе продолжи понатаму, а дека регулираното ловење е подобро од илегалното убивање на животни кое се заканува дека ќе загрози многу видови. Премиера на 17 ноември во Велика Британија.

8. „Падингтон 2“

фото извор: Studio Canal

Се следат настаните од претходниот филм, а Падингтон сака да купи книга за својата тетка од локален продавач на книги, но за да заработи и да може да ја купи книгата, се вработува на разни чудни места – а книгата ќе биде украдена од продавницата. И тогаш започнува решавањето на мистеријата. Премиера на 10 ноември во Велика Британија.

9. „Добро време“

фото извор: A24

Роберт Патинсон е речиси непрепознатлив во ова филмско остварување. Со светла боја на косата, тој е во улога на ограбувач на банка кој се обидува да ја изведе најголемата измама во Њујорк, а неговиот брат, кој има пречки во развојот, ќе биде уапсен за кривичното дело. Се обидува да ги искористи парите што ги украл за да ја плати кауцијата на својот брат, но приказната се комплицира. Премиера на 17 ноември во Велика Британија.

10. „Убиството на светиот елен“

фото извор: A24

Режисерот на „Јастог“, Јоргос Лантимос, овој пат со трилер за хирургот и неговата сопруга, која е исто така доктор, кои се спријателуваат со тинејџер по име Мартин. Момчето сака да ги прикаже семејните тајни и да ја обелодени ужасната траума од нивното минато. Филмот ќе биде прикажан на 9 ноември во Данска, на 16 ноември во Русија и на 30 ноември во Хонг Конг.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура