Луѓето и не ги сакаат баш милениумците. Истражувачкиот центар „Пју“ неодамна ја дефинира оваа генерација како луѓе родени помеѓу 1981 и 1996 година.
Припадниците на оваа генерација се карактеризираат со тоа што подоцна стапуваат во брак и започнуваат нетрадиционални семејства. Како милениумците се оддалечуваат од традицијата и начинот на кој нивните родители ги правеле работите?
1. Наместо да приготвуваат оброци, милениумците порачуваат храна
Индустријата за храна го следи начинот на кој младите луѓе јадат. Милениумците трошат најмалку време на приготвување оброци, во споредба со постарата генерација. Тие повеќе јадат во ресторани, купуваат веќе приготвена храна или нарачуваат од дома.
2. Наместо да пијат пиво, милениумците повеќе сакаат вино
Милениумците помалку пијат алкохол отколку постарите генерации. Но кога пијат, повеќе сакаат да пијат вино отколку пиво.
3. Наместо да присуствуваат на часови, милениумците сакаат да учат онлајн
Екранот наспроти лекциите во живот.
4. Наместо да ја кријат платата, милениумците ја споделуваат со колегите
Парите веќе не се табу-тема. Милениумците се поотворени кога станува збор за нивната плата.
5. Наместо да чекаат годишно оценување за нивната работа, повеќе сакаат брза повратна информација
Годишното оценување за работата на вработените полека исчезнува. „Ај-би-ем“, на пример, го воведе системот „Чекпоинт“, преку кој почесто се дава повратна информација за работата на вработените.
Експертите велат дека овие промени влијаат врз промената на тоа како милениумците размислуваат за повратната информација.
6. Наместо живеење заедно по бракот, милениумците живеат заедно уште пред да стапат во брак
За многу милениумци, клучот доаѓа пред прстенот. Истражување покажа дека 72 отсто од милениумците веруваат дека живеењето заедно пред стапувањето во брак е добра идеја, во споредба со 63 отсто од бејби-бумерите.
7. Наместо за родителски совети да се обратат кај пријателите или семејството, милениумците се потпираат на „Гугл“
Милениумците кои се родители не бараат совети од нивните родители и пријателите кога станува
збор за проблемите со нивните деца. Наместо тоа, тие се одлучуваат за „Гугл“.