X
 14.10.2015 Образование

Се` уште не е почнат новиот Закон за високо образование



Професорите-членови на ректорската управа, а кои се дел од комисијата за изготвување нов Закон за високо образование, се состанале минатата недела во ректоратот и се договориле да работат на новиот закон.

- Се договоривме да почнеме да го пишуваме законот. Треба да видиме дали ќе учествуваат во работата група и пленумците кои бараа нов закон. Средбата на комисијата не беше од одлучувачки карактер - вели професор кој е член на комисијата.

Студентскиот пленум и Студентскиот парламент при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", периодов не се занимаваат со Законот за високо образование, а тоа може да се забележи според објавите на нивните фан-страници на социјалните мрежи. Во Студентски пленум рекоа дека се подготвени да работат со комисијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" за новиот закон. На нивната фан-страница на Фејсбук нема содржини во врска со ЗВО, туку во последниот период фокусот им е на условите за живот во студентскиот дом „Гоце Делчев", чија обнова патем е во тек.

Студентскиот парламент пак, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" изминатиов период воопшто не е активен на Фејсбук. На фан-страницата на парламентот последната објава е од 14-ти септември и тоа објавата не е за некоја активност на СПУКМ, туку само е пренесено соопштение од Министерството за образование и наука во врска со пријавувањето во студентските домови.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование