Се претпоставува дека има приближно 320.000 уникатни вируси кај цицачите, а веројатно на светот постојат многу повеќе. Во секое време, во нашите тела живеат неколку вируси, иако сите не нè прават болни. Многу вируси претставуваат мистерија за научниците. Сепак, сега постои крвен тест кој може да го дијагностицира секој вирус кој го имате.
Тестот бил направен од истражувачите на Вашингтонскиот универзитет во Сент Луис, а истиот го препознава секој вирус кој му е познат на човекот. Наречен „ViroCap“, тестот може да открива и нови вируси кои сè уште не се идентификувани, сè додека делат генетски карактеристики со познати вируси.
Истражувачите успеале да го направат тестот користејќи огромна база на податоци за вирусите кои биле откриени кај човекот или животните. Она што го прави тестот подобар од останатите кои се слични на него е неговата чувствителност, поради која открива најмали генетски варијации на вирусите кои другите тестови не може да ги препознаат.
За време на експериментите било утврдено дека
новиот тест е способен за дијагноза на 52% повеќе вируси од стандардните тестови.