X
 09.12.2016 Образование

Можете ли да ги решите овие прашања од PISA тестирањето?

Националниот центар за евалуација ги претставил резултатите од истражувањата PISA  на OECD за 2015 година. Во продолжение погледнете неколку примери од прашањата по природни науки, кои се достапни онлајн и можете да проверите дали вие би можеле д ги решите тестовите.


Примерите од прашањата по природни науки се поделени во пет групи : миграции на птици, истражување за долините, астероиди и кратери, трчање по топло време и одржлив развој на риби. Прочитајте како гласат некои од нив.

Миграција на птиците

На почетокот, испитаниците потребно е да прочитаат текст, а потоа да одговорат на прашања. Текстот гласи вака :
Селидбата на птиците е масовно сезонско преместување на птиците, кога тие доаѓаат до своите гнезда и потоа заминуваат со нив. Секоја година волонтери ги бројат птиците на точно одредени места. Научниците фаќаат неколку птици и ги ги обележуваат така што ги прицврстуваат со прстени и мали знамиња околу нозете, со цел да го одредат патот на селидба на птиците.

Прашањето за кое има само еден точен од понудените одговори гласи :

Поголемиот дел на птици преселници се собираат на едно место, по што се селат во поголеми групи наместо поединечно. Таквото однесување е последица на еволуцијата. Кое од следните научни објаснувања најдобро ја објаснува еволуцијата на таквото однесување на птиците преселници?


А) Птиците кои се селеле поединечно или во помали групи имале помалку шанси за преживување и размножување.

Б) Птиците кои се селеле поединечно или во мали групи имале помали шанси за пронаоѓање на потребната храна.

В) Летот во поголеми групи им овозможувал на други видови птици да се приклучат во селидбата.

Г) Летот во поголеми групи и нуди на секоја птица поголеми шанси за пронаоѓање на место за гнездо.

Испитаниците морале да наведат и еден фактор заради кој волонтерите би можеле да грешат во броењето на птиците и да објаснат како тој фактор влијае на броењето.   
 
Астероиди и кратери

Карпите во вселената кои влегуваат во Земјината атмосфера се наречени метеориди. Додека паѓаат низ атмосферата, метеоридите се вжештуваат. Поголемиот дел од нив потполно догорува пред да удри во површината на земјата. Кога ќе удри, може да содададе дупка наречена кратер. Прашање на кое е точен само еден одговор : Колку повеќе се приближува метеоридот кон Земјата и нејзината атмосфера, неговата брзина се зголемува. Зошто?

А) Метеоридот е вовлечен во ротацијата на Земјата.

Б) Метеоридот е отфрлен од Сончевата светлост.

В) Метеоридот е привлечен од Земјината маса.

Г) Метеоридот е отфрлен од вселенскиот вакуум.

Следното прашање во врска со овој текст е : Какво влијание има атмосферата на некоја планета врз бројот на кратери кои се присутни на нејзината површина?

Колку е атмосферата на некоја планета погуста, тоа на површината ќе има повеќе /помалку кратери бидејќи повеќе/помалку метеориди потполно догоруваат во атмосферата.

На следното прашање испитаниците морале да набљудуваат три кратери прикажани на фотографија, па да ги предадат кратерите според големината на метеоридите кои ги направиле почнувајќи од најголемиот до најмалиот. Поврзано со фотографијата, испитаниците морале да ги подредат кратерите според времето кога настанале почнувајќи од најстариот до најновиот.

На тестот по природни науки онлајн се достапни и прашањата за трчање по топло време, одржлив развој на риби и истражувања за долините.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование