Во Македонија во среда во текот на денот ќе преобладува претежно облачно и ветровито време со пад на максималните температурите. Во текот на денот се очекуваат и повремени сончеви периоди. Во доцните вечерни часови и во текот на ноќта од југ и југозапад се очекува продор на влажна воздушна маса која ќе услови поинтензивни врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 4 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 16 степени.
Во Скопје во среда ќе биде претежно облачно ветровито и постудено време. Во текот на денот можни се повремени сончеви периоди. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна до 13 степени.
Во четврток во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд во текот на целиот ден, локално се очекуваат да наврнат од 10 до 25 литри дожд. Максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 14 степени. Во петок во утринските и претпладневните часови нестабилно со врнежи од дожд, попладне врнежите ќе престанат. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, а повеќе сончеви периоди ќе имаме во недела. Утринските температури ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 0 до 10 степени, а максималните во пораст и ќе достигнат до 8 односно до 19 степени.
weather4all.com.mk